• недела, 22 декември 2024

Продолжува доминацијата на одбојкарите на Струмица во домашното првенство

Продолжува доминацијата на одбојкарите на Струмица во домашното првенство

Струмица, 19 декември 2023 (МИА) - Во македонското одбојкарско првенство продолжува доминацијата на одбојкарите на Струмица. Актуелниот шампион есенскиот дел го заврши на првото место со 11 победи и само еден изгубен сет.

Во настапите во европските клубски натпреварувања струмичани не ги остварија зацртаните планови-и во Лигата на шампиони и во Купот на ЦЕВ. Според тренерот Кирил Ричлиев, тоа се должи на неможноста да настапат со планираните засилувања од странство, кои не добија право на настап.

-Очекувавме успеси на меѓународен план, но заради неможноста да настапиме комплетни не успеавме. Сепак, шанса добија младите играчи, кои пријатно изненадија со свопите настапи и со право се наметнаа дека во следниот период на нив треба сериозно да се смета, рече долгогодишниот стратег на Струмица.

Додаде дека младинците, кадетите и пионерите засега уепешно чекорат по стапките на повозрасните, бидејќи во своите групи тие се први, а Ричлиев се надева дека до крајот на нивните натпреварувања ќе успеат да ја задржат челната позизција.

-Тоа ни дава за право да кажеме дека во овие млади момчиња има голем потенцијал, кои ќе можат достојно да ги заменат поискусните одбојкари и репрезентативци и така да ја продолжиме долгата одбојкарска традиција на нашиот клуб која датира од 1947 година, смета Ричлиев.

Годинашната сезона за шампионот завршува на крајот на овој месец до кога екипта ќе тренира, а првиот собир во новата година е закажан за 8 јануари, кога ќе почнат подготвките за продолжението на првенеството на почетокот на февруари.рт/цр

Фото: ОК Струмица

Остани поврзан