• понеделник, 30 декември 2024

Продолжува блокадата на работата на Парламентот на БиХ

Продолжува блокадата на работата на Парламентот на БиХ

Сараево, 8 октомври 2024 (МИА) – Парламентот на Босна и Херцеговина и понатаму е блокиран, бидејќи пратениците Бошњаци денеска не се појавија на седница во Домот на народите и немаше кворум.

Претседателот на Домот на народите, Драган Човиќ констатираше дека нема услови за продолжување на редовната седница прекината уште во март.

Седницата во март беше прекината бидејќи бошњачкиот клуб не сакаше да дозволи отворање на расправата за новиот закон за Уставниот суд на БиХ, предложен од српскиот претставник Желимир Нешковиќ. Тој на барање на Република Српска предложи Уставен суд да се организира на нов начин и да се елиминираат странските судии од него и да се воведе етнички клуч при донесувањето на одлуките.

За Бошњаците тоа е отворен напад врз уставниот поредок на земјата.

- Ќе дојдеме на секоја седница на Домот на народот што е закажана, редовна или итна, доколку неуставниот предлог-закон за Уставниот суд биде тргнат од дневен ред. Бараме тој предлог-закон да се повлече од дневен ред, изјави денеска претседателот на бошњачкиот клуб Кемал Адемовиќ.

БиХ во март доби одобрение од Европскиот совет за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ, но со услов пред тоа да бидат усвоени уште неколку реформски закони. Оттогаш има блокада на работата на Парламентот, па ништо не е исполнето, со што е доведен во прашање а почетокот на преговарачкиот процес со ЕУ. ми/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан