Во експлозија на магацин за оружје во близина на Дамаск 11 загинати
- Во експлозија во складиште за оружје во близина на индустриски град на периферијата на Дамаск загинаа 11 лица, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права, припишувајќи ја експлозијата на можен израелски напад, обвинение кое Израел веднаш го отфрли.
Дамаск, 29 декември 2024 (МИА) - Во експлозија во складиште за оружје во близина на индустриски град на периферијата на Дамаск загинаа 11 лица, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права, припишувајќи ја експлозијата на можен израелски напад, обвинение кое Израел веднаш го отфрли.
„Не знаеме за какви било напади на израелската армија во областа. Израелските одбранбени сили не ја нападнаа областа“, изјави израелски воен извор.
„Најмалку 11 лица загинаа во експлозијата, најверојатно предизвикана од израелски напад“, се вели во соопштението на опсерваторијата.
Експлозијата се случила во складиште за оружје на силите на соборениот режим на претседателот Башар ал Асад, на периферијата на индустрискиот град Адра, во близина на Дамаск.
Од опсерваторијата додаваат дека се стравува дека бројот на загинати ќе биде поголем. паг/
Фото: МИА архива