• петок, 05 декември 2025

Продолжуваат ноќните меѓусебни напади помеѓу Украина и Русија

Продолжуваат ноќните меѓусебни напади помеѓу Украина и Русија

Киев, 15 ноември 2025 (МИА) – Во синоќешните руски воздушни напади врз украинскиот град Днепар и врз регионот Синелникове загинаа две лица. Нападите предизвикал пожар врз приватни објекти и домови, петкатна зграда, гасовод и автомобили.

Украинската противвоздушна одбрана на Телеграм објави дека во текот на ноќта пресретнала и уништила две балистички ракети „Кинџал“ и 91 беспилотни летала.

Една ракета и 41 дрон погодиле цели во 13 места во Украина.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека синоќа биле пресретнати и уништени 64 украински дронови.

Дваесет и пет украински беспилотни летала биле пресретнати над Рјазанската област, 17 над Ростовскиот регион, осум над Тамбовскиот регион, пет над Воронежскиот регион, по два над Белгородскиот, Саратовскиот и Липецкиот регион, и по еден над Тулскиот и Самарскиот регион, како и над Република Татарстан. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан