• среда, 25 декември 2024

Продолжи седницата на Парламентот на Црна Гора

Продолжи седницата на Парламентот на Црна Гора

Подгорица, 30 октомври 2023 (МИА) - Во Црна Гора вечерва продолжи седницата на Собранието, а новоименуваниот претседател на Собранието Андрија Мандиќ предложи Собранието да има четворица потпретседатели.

Предлогот го поддржаа 46 пратеници, немаше против и воздржани.

Мандиќ рече дека се исполнети условите за предлагање кандидати, додавајќи дека се предложени двајца кандидати од парламентарното мнозинство, Борис Пејовиќ од ПЕС и Зденка Поповиќ од Демократска Црна Гора. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан