„ВиноСкоп 2023“ од среда до сабота - врвни вина и настапи на Елена Ристеска, Куку Леле, Фолтин, Љубојна, Пајак
- Врвни македонски вина на преку 40 македонски винарии, деликатеси и богата музичка програма, ќе понуди годинешниот „Виноскоп“ кој ќе се одржи утре на паркингот пред СЦ „Борис Трајковски“ започнува тринаесетото издание на фестивалот на виното- „ВиноСкоп“.
Скопје, 10 октомври 2023 (МИА) - Врвни македонски вина на преку 40 македонски винарии, деликатеси и богата музичка програма, ќе понуди годинешното 13. издание на Фестивалот на виното - „ВиноСкоп“, што ќе се одржува на паркингот пред СЦ „Борис Трајковски“ од утре до сабота.
-Од среда до сабота на фестивалот ќе настапат: Пајак, Offchestra, Brass Brothers, Фолтин, Максимовски Јунајтед, Калата, Миле Кузмановски, Елена Ристеска, Нино Величковски, Сале Певац, Баклава, Дани Димтровска, Куку Леле, Алис ин Вондербенд, Љубојна, Дац и Александар и многу други изведувачи од различни музички жанрови, најавуваат организаторите на „ВиноСкоп“.
Влезот на „ВиноСкоп“ е бесплатен за сите посетители. љм/са/
Фото: Виноскоп 2023