• вторник, 16 јули 2024

Пробиштипјани традиционално береа бадникови гранчиња

Пробиштипјани традиционално береа бадникови гранчиња

Пробиштип, 5 јануари 2024 (МИА) - Во пресрет на големите христијански празници Бадник и Божиќ, пробиштипјани на месноста Жгури традиционално береа бадникови гранчиња. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дека оваа манифестација трае повеќе од 20 години и е масовно посетена.

-Денот започна со изборот на кумот за 2024 година, оној кој ќе го организира настанот наредната година, а се бираше од претставниците на бизнис секторот, годинава му се посреќи на Лесновска меана – Чомбе, како награда за тоа доби златник со ликот на Богородица, а стариот кум – фирмата Гилас Инженеринг, му посака успех и среќа, вели Анастасов.

Тој посочи дека во месноста Жгури со бадникарски оган, музика и со посна трпеза беше избран и кум од граѓанството.

-Јованче Манаилов, кој доби сребреник, по што присутните со песна, оро и берење на бадникови гранчиња ги најавија Бадник и Божиќ, рече Анастасов. вдј/ир

Фото: Општина Пробиштип

Остани поврзан