• недела, 20 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

При претрес на подрачјето на Ѓорче Петров пронајдена дрога, приведени се четири лица

При претрес на подрачјето на Ѓорче Петров пронајдена дрога, приведени се четири лица

Скопје, 4 октомври 2023 (МИА) - Полициски службеници синоќа  на подрачјето на Ѓорче Петров, ги привеле Д.П.(20), Д.М.(19) и двајца малолетници, сите од Скопје, соопшти МВР.

При претрес во домот на Д.П., извршен со судска наредба, во кој биле затекнати и Д.М. и двајцата малолетници, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, семки од растението канабис и дигитална вага, додека кај еден од малолетниците била пронајдена и одземена прашкаста материја.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан