Муцунски во работна посета на Брисел, во фокусот реформската агенда на земјата и натамошните чекори во процесот на пристапување во ЕУ
- Во рамки на посетата, како што информираат од неговиот Кабинте, се планирани средби со еврокомесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, како и со генералниот директор на Директоратот на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман. На средбите, како што е најавено, ќе се разговара за теми поврзани со европската агендана Северна Македонија, реформската агенда на земјата и натамошните чекори во процесот на пристапување во ЕУ.
Скопје, 24 август 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во наредните два дена ќе оствари работна посета на Брисел.
Во рамки на посетата, како што информираат од неговиот Кабинте, се планирани средби со еврокомесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, како и со генералниот директор на Директоратот на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман.
На средбите, како што е најавено, ќе се разговара за теми поврзани со европската агендана Северна Македонија, реформската агенда на земјата и натамошните чекори во процесот на пристапување во ЕУ. аа/
Фото: МИА архива