• понеделник, 13 мај 2024

При претрес во Битола пронајдена дрога, приведени пет лица, меѓу кои и малолетник

При претрес во Битола пронајдена дрога, приведени пет лица, меѓу кои и малолетник

Скопје, 18 јануари 2024 (МИА) - Полициски службеници од криминалистичка полиција при СВР Битола вчера во Битола ги лишиле од слобода Б. А. (20), В. Ј. (23), Г. Р. (20), Ј. Д. (20) и еден малолетник, сите од Битола, кај кои при претрес биле пронајдени повеќе пакувања марихуана и дигитална вага, информираат од МВР.

- При претрес во домот на Б.А., извршен со судска наредба, во кој биле затекнати и В.Ј.(23), Г.Р.(20), Ј.Д.(20) и малолетникот, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана, се вели во соопштението од МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. аа/лв/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан