• понеделник, 16 септември 2024

Прилеп распиша конкурс за доделување 20 стипендии на студенти на Економскиот факултет во градот

Прилеп распиша конкурс за доделување 20 стипендии на студенти на Економскиот факултет во градот

Прилеп, 16 септември 2024 (МИА) - Општина Прилеп ќе додели 20 стипендии на студенти на Економскиот факултет во Прилеп. Јавниот повик за пријавување е распишан денеска.

Целта е да се покаже опшествена одговорност кон младите за нивно академско усовршување во општината каде живеат, како и за обезбедување социјална заштита на социјално ранливите категории на студенти од Прилеп.

-Крајна цел на доделувањето на стипендиите е придонес на студентите кон општина Прилеп за нејзина афирмација, соопштуваат од прилепската локална самоуправа.

Стипендиите ќе се доделуваат на студенти кои ќе се запишат на Економскиот факултет во Прилеп во тековната академска година во прв и втор уписен рок, како редовни студенти. Стипендиите ќе се однесуваат на партиципацијата за студирање за првата академска година. Конкретно, по 10 стипендии ќе добијат новите студенти во категориите за најдобри студенти и студенти од ранливата категорија граѓани.

Јавниот повик за пријавување на студентите за стипендии е од денеска и ќе трае пет дена. Сите услови се утврдени со правилник на Општината за стипендирање студенти. ем/сст/

Фото Општина Прилеп 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан