Прилеп донира еден милион денари за настраданите во Кочани
- На последната седница на советот на Општината, Прилеп издвои донација од еден милион денари за помош за настраданите од катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Прилеп, 26 март 2025 (МИА) - На последната седница на советот на Општината, Прилеп издвои донација од еден милион денари за помош за настраданите од катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Средствата се префрлаат на жиро-сметката преку Црвениот крст за донации. Ова е одлуката на прилескиот Совет на последната седница. ем/
Фото МИА архива