• недела, 22 декември 2024

Привршува судењето на Proud Boys за наредите со упадот во американскиот Капитол 

Привршува судењето на Proud Boys за наредите со упадот во американскиот Капитол 

Вашингтон, 25 април 2023 (МИА) - Судскиот процес против лидерите на групата Proud Boys (Горди момци) привршува со денешниот настап на обвинителот кој изјави дека со нападот на Капитолот на 6 јануари 2021 година, обвинетите покажале „жед за насилство и организирале акции“. 

Според заменик обвинителот Конор Малро, Гордите момци се сметале за воена сила на поранешниот претседател Доналд Трамп и биле „спремни да извршат насилство во негово име“ за да го дезавуираат неговиот пораз на изборите во 2020 година. 

-За овие обвинети, политиката повеќе не се ограничува со дебати или гласање, изјави Малро. -За нив, политиката означуваше реална физичка борба.  

Поранешниот лидер на Proud Boys Хенри „Енрике“ Тарио, како и Итан Нордеан, Џозеф Бигс, Закари Рел и Доминик Пецола, се обвинуваат за поттикнување заговор и други тешки прекршоци, за она што обвинителите го опишаа како заговор со цел примена на насилство за поткопување на претседателската власт. 

Денеска, завршна реч на судењето имаат и претставниците на заштитата.  

За време на нередите на 6 јануари 2021 година загинаа петмина а повеќе од 140 полицајци беа повредени. До денешен ден, обвинеија за за упадот во Капитолот добија над 1.000 осомничени. кб/ сд/

Остани поврзан