Приведен 23-годишен кавадарчанец за напад врз полициски службеници
- Кавадарчанецот, со привремено живеалиште во Криволак, физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија. Потоа, момчето се обидело со дрвен и остар предмет да нападне полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Скопје, 11 јуни 2024 (МИА) - Дваесет и тригодишен кавадарчанец бил приведен во текот на вчерашниот ден поради тоа што нападнал полициски службеници, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Како што појаснуваат, во 16.30 часот во Криволак, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишиле од слобода, лицето со иницијали И.Б.. Кавадарчанецот, со привремено живеалиште во Криволак, физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија. Потоа, момчето се обидело со дрвен и остар предмет да нападне полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
За настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. бд/лв/
Фото: МИА архива