• петок, 05 декември 2025

Приведен 16-годишник кој извршил обљуба врз 12-годишно девојче од Охрид, друг малолетник го снимал чинот

Приведен 16-годишник кој извршил обљуба врз 12-годишно девојче од Охрид,  друг малолетник го снимал чинот

Охрид, 24 ноември 2025 (МИА) – Полицијата утрово лиши од слобода 16-годишник од Охрид, поради сомнение дека на 12 овој месец извршил обљуба на 12-годишно девојче од Охрид.

Според полициското соопштение, друг малолетник го снимал чинот на обљубата.

До видео-материјалот дошол 14-годишник од Охрид, кој го уценувал девојчето да биде со него, заканувајќи се дека во спротивно ќе го објавел видеото.

СВР - Охрид презема мерки за пронаоѓање и на овој малолетник.

Врз малолетничката е извршен медицински преглед, а полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во присуство на родител, извршија службен разговор.

По целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави. аб/дма/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан