• вторник, 27 август 2024

Приведен шверцер на мигранти, пронајдени пет лица од Сирија

Приведен шверцер на мигранти, пронајдени пет лица од Сирија

Скопје, 25 октомври 2023 (МИА) – Приведен 21-годишен скопјанец во чие возило денеска полицијата пронашла пет лица од Сирија.

- Денеска, околу 13 часот, полициски службеници од РЦГР Југ-ПС за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ го лишија од слобода Е.Р. (21) од Скопје поради сторено кривично дело шверцување на мигранти. Возило „ауди“, управувано од Е.Р. било запрено во близина на Смоквица, при што во возилото се затекнати пет лица мигранти од Сирија, информираат од МВР.

Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава против Е. Р. ир/аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан