• четврток, 18 јули 2024

Приведен уличен дилер на дрога, продавал кокаин и марихуана во Скопје

Приведен уличен дилер на дрога, продавал кокаин и марихуана во Скопје
Скопје, 4 јули 2022 (МИА) - МВР соопшти дека полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи - Оддел за криминалистичка полиција вчера го лишија од слобода А.К.(30) од Прилеп, со живеалиште во Скопје, а денеска против него до ОЈО Скопје ќе биде поднесена и кривична пријава. Акцијата за приведување била спроведена во координација со полициски службеници од ОСПО-САЕ Тигар, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје Според МВР, по спроведена истрага и преземени мерки и активности од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи - Оддел за криминалистичка полиција во координација на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје обезбедени се материјални докази дека лицето е инволвирано во продажба на наркотични дроги. А.К. набавувал дрога, во својот дом во населба Драчево, ја препакувал во помали пакувања подготвени за понатамошна улична продажба по што лично ја продавал на уживателите на дрога на територијата на Скопје по единечна цена од 300 до 500 денари за пакување марихуана, односно по 2500 денари за пакување кокаин. По претходно обезбедена наредба, вчера е извршен претрес во неговиот дом при што се пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. мч/цр  

Остани поврзан