• четврток, 26 март 2026

Починат возач од Куманово – му се слошило пред да излета од патот кај Клечовце

Починат возач од Куманово – му се слошило пред да излета од патот кај Клечовце

Скопје, 23 март 2026 (МИА) - Едно лице го загубило животот, а едно е повредено откако автомобил излетал од патот на локалниот пат Клечовце – Шупљи Камен, на местото „Кантон“, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Според изјавата на сопатничката, на возачот му се слошило и изгубил свест пред да се случи несреќата.

Според пријавата, на 22.03.2026 околу 17:00 часот патничко моторно возило „даеву тико“ со кумановски регистарски, управувано од М.Д.(64) од Куманово, излетало од патот. Притоа, лекар од Итна медицинска помош кај возачот М.Д. констатирал смрт, додека кај сопатничката Л.Д.(57) биле констатирани телесни повреди во Општа болница Куманово.

Од МВР информираат дека по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, а увид извршила увидна екипа од СВР Куманово.ар/вј/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан