Приведен угостител од Тетово во чиј објект биле затекнати околу 100 гости
- Приведен е управител на угостителски објект во Тетово поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Непостапување според здравствените протоколи за време на епидемија“. Министерството

Скопје, 6 февруари 2021 (МИА) - Приведен е управител на угостителски објект во Тетово поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Непостапување според здравствените протоколи за време на епидемија“.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека 25-годишниот Е.Х. е приведен вчера во 14:20 часот бидејќи во акциска контрола на полицијата и Пазарниот инспекторат во угостителскиот објект биле затекнати околу 100 гости.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. бак/