• петок, 15 ноември 2024

Приведен угостител, во локалот затекнати три лица без сертификат за вакцина

Приведен угостител, во локалот затекнати три лица без сертификат за вакцина
Гостивар, 19 септември 2021 (МИА) - Сопственик на угостителски објект во Гостивар е лишен од слобода, бидејќи при контрола биле затекната три лица без сертификат за вакцинација. Објектот е затворен од ДПИ. Според информациите на СВР Тетово, вчеравечер во 21:35 часот, полициски службеници на одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода С.Е.(49) од гостиварско Чајле. Во неговиот угостителски објект на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар биле затекнати три гости без сертификат за вакцинација. Објектот во кој била извршена контролата од синоќа, времено е затворен од Државниот пазарен инспекторат. Сопственикот С.Е., кој бил лишен од слобода ќе се соочи со пријава која се однесува на „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.згм/фф/

Остани поврзан