• понеделник, 20 мај 2024

Приведен скопјанец за издржување двегодишна затворска казна

Приведен скопјанец за издржување двегодишна затворска казна

Скопје, 4 октомври 2023 ( МИА) -  Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска на булеварот .„Мајка Тереза“, го лишиле од слобода М.Д.(59) од Скопје.

Како што информираат од МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје, за издржување затворска казна од две години, за сторено кривично дело „затајување“, по член 239. од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Полициска станица Центар за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.љм/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан