• понеделник, 23 декември 2024

Приведен скопјанец баран по потерница

Приведен скопјанец баран по потерница

Скопје, 16 април 2023 (МИА) - Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје синоќа го лишиле од слобода Р.Г. (45) од Скопје.

Како што соопшти МВР, Р. Г. бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната. мд/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан