Приведен маж од кичевско поради убиство
- Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, со Одделението за внатрешни работи Кичево поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство, против Ш.Љ.(40) о
Скопје, 6 февруари 2020 (МИА) - Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, со Одделението за внатрешни работи Кичево поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство, против Ш.Љ.(40) од кичевското село Жубрино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
Како што информираат од МВР, на него му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
-Пријавениот, во периодот од 26 до 28 јули 2019 година, со цел да пронајде и одземе пари и злато и да се стекне со противправна имотна корист, насилно влегол во куќата сопственост на Б.Б.(67) во селото Црвевци и со употреба на дрвени предмети и со физичка сила, го нападнал нанесувајќи му повреди од кои потоа починал, соопшти МВР.бт/скс/