• вторник, 14 мај 2024

Приведен кумановец, управувал возило со украдени таблички

Приведен кумановец, управувал возило со украдени таблички

Скопје, 20 септември 2023 ( МИА) -  Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ вчера го лишиле од слобода Љ.М.(47) од Куманово, во реонот на с.Богородица, гевгелиско.

-При контрола на патничко возило „крајслер“, кое го управувал било констатирано дека регистарските таблички се од друго патничко возило, сопственост на лице од Скопје, кои биле пријавени за украдени во Полициската станица - Драчево, информираат од МВР.

Возилото било одземено и по целосно документирање на случајот против лицето ќе следува соодветна пријава. љм/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан