• вторник, 14 мај 2024

Приведен кумановец затекнат при обид за кражба

Приведен кумановец затекнат при обид за кражба

Скопје, 9 март 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово денеска во 01.40 часот, го лишиле од слобода Е.И.(32) од Куманово, кој бил затекнат при обид да одземе предмети од куќа на улицата „30 Јули“ во Куманово.

Како што информираа од МВР, Е.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/

Фото:МИА

Остани поврзан