• понеделник, 25 ноември 2024

Приведен криминалец од Полска баран со меѓународна потерница

Приведен криминалец од Полска баран со меѓународна потерница

Скопје, 26 октомври 2023 (МИА) - На граничниот премин Богородица, денеска на влез во Република Северна Македонија се пријавил К.Г.П. (36) од Полска, кој при контролата приложил фалсификувана полска лична карта. 

Како што информираат од МВР направени биле дополнителни проверки преку Секторот за меѓународна полициска соработка, при што е утврдено дека лицето е предмет на меѓународна потрага од страна на Интерпол Варшава. 

-Известен е јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, по чии насоки ќе биде поднесена кривична пријава против лицето за сторено кривично дело фалсификување исправа, се наведува во соопштението.свс/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан