• понеделник, 23 декември 2024

Приведен криминалец баран со потерница

Приведен криминалец баран со потерница

Скопје, 19 јуни 2024 (МИА) - Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска на ул. „Ѓорѓи Димитров“ во Скопје, на територија на општина Кисела Вода, го лишиле од слобода В.С. (46) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд - Скопје, за издржување затворска казна од една година.

Како што информираат денеска од МВР, лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа. сст/са/

Остани поврзан