• сабота, 23 ноември 2024

Приведен криминалец баран со потерница

Приведен криминалец баран со потерница

Скопјњ, 27 јуни 2024 (МИА) - Полицијата утрово го лишила од слобода 49-годишниот И.А. од село Морани, кој бил баран со потерница за издржување затворска казна.

-Денеска околу 4:00 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во село Морани, општина Студеничани го лишија од слобода И.А. (49) од село Морани, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд - Скопје за затворска казна во траење од една година и шест месеци, соопшти МВР.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа. дма/аа/

Фото:МИА архива

Остани поврзан