• петок, 19 јули 2024

Приведен крадец, при претрес во неговиот дом биле пронајдени пушка и муниција

Приведен крадец, при претрес во неговиот дом биле пронајдени пушка и муниција

Скопје, 14 јули 2023 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба вчера го лишиле од слобода Ј.Ф.(24) од Скопје, поради тоа што управувал електричен велосипед за кој постоело сомнение дека потекнува од кривично дело „кражба“.

Со него, како што информираат денеска од МВР, бил извршен службен разговор во кој признал уште едно дело „кражба“, при што на 09.07.2023 на бул.„Никола Карев“ одзел електричен тротинет, а електричниот велосипед бил вратен на сопственикот.

-Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Ј.Ф., при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка, повеќе ловечки патрони, рамка за пиштол и други делови за пиштол. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР. дма/са/

Фото:МИА архива

Остани поврзан