• среда, 15 мај 2024

Приведен крадец од Струмица

Приведен крадец од Струмица

Скопје, 30 април 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Струмица вчера во 18.20 часот во Струмица, го лишиле од слобода Ѓ.Д.(25) од Струмица, осомничен дека истиот ден извршил кражба во магацин во струмичкото село Дабиле, при што одзел повеќе предмети. 

Како што денеска соопштија од МВР, во службен разговор во полициска станица тој го признал делото и кај него биле пронајдени украдените предмети, кои се вратени на сопственикот. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан