• понеделник, 14 октомври 2024

Приведен крадец од Скопје, фатен при извршување тешка кражба во аптека

Приведен крадец од Скопје, фатен при извршување тешка кражба во аптека
Скопје, 26 септември 2021(МИА) - Ноќеска, во 00.15 часот, на ул. „11 Октомври“ во Скопје, полициски службеници од полициската станица Центар го лишиле од слобода А.Х.(25) од Скопје, кој бил затекнат од полицајците при извршување „тешка кражба“ во аптека. -Тој бил приведен во полициска станица и од него бил одземен предметот кој го употребил при извршување на делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. ир/ев/

Остани поврзан