• петок, 22 ноември 2024

Приведен крадец од Охрид   

Приведен крадец од Охрид   
Скопје, 6 септември 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Охрид, ноќеска во 03:05 часот во Охрид, го лишиле од слобода охриѓанецот Б.Т.(34), кој се сомничи дека претходно со употреба на физичка сила и подесен алат влегол во куќа во Охрид и одзел пари, накит и други вредни предмети. Дел од одземените предмети, како што информираат од МВР, биле пронајдени и вратени на сопственикот. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/

Остани поврзан