• недела, 21 јули 2024

Приведен крадец од гостиварско Врапчиште

Приведен крадец од гостиварско Врапчиште
Скопје, 6 септември 2022 (МИА) - Во гостиварско Врапчиште, вчера во 13:00 часот, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Б. од ова село. -Тој се сомничи дека на 3-ти овој месец од спортска обложувалница во селото противправно одзел парични средства. По  документирање на случајот против Ј.Б. ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР. дма/

Остани поврзан