• петок, 17 мај 2024

Приведен крадец за издржување двегодишна затворска казна

Приведен крадец за издржување двегодишна затворска казна

Скопје, 10 ноември 2023 (МИА) - Оперативен тим – Потраги вчера на улица „Ѓорче Петров“ го лишиле од слобода М.Б.(50) од Скопје.

Тој, како што соопшти денеска МВР, бил баран по централна потерница, осуден на затворска казна во времетраење од две години.

Лицето е предадено во Полициска станица Ѓорче Петров, при  што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната. љм/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан