• понеделник, 22 април 2024

Приведен струмичанец за тешка кражба во плац за градежни материјали

Приведен струмичанец за тешка кражба во плац за градежни материјали

Скопје, 27 март 2024 (МИА) - Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица утрово го лишиле од слобода Д.А.(32) од струмичкото село Василево.

Како што информира МВР, Д. А. бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/лв/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан