• недела, 22 декември 2024

Сајкоски: Македонско национално единство за да донесеме голема победа и водиме влада која ќе го испорача она што ќе го вети во изборната програма

Сајкоски: Македонско национално единство за да донесеме голема победа и водиме влада која ќе го испорача она што ќе го вети во изборната програма

22 април 2024

„Сакаме македонско национално единство на граѓаните на Македонија за да  донесеме голема победа која ќе значи да можеме да водиме влада која ќе може да испорача она што ќе го вети во изборната програма и влада која нема да биде уценета од ниту еден политички субјект во нашата држава. Затоа ние повикуваме дека треба да се обединиме и тоа го направивме за сите граѓани. Направивме најширока коалиција „Твоја Македонија“ која опфаќа огромен број на политички субјекти како никој друг политички субјект во Република Македонија“, истакна носителот на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 5 Ѓорѓија Сајкоски во вечерашното гостување на ТВ 24 во „Отворено“.

Сајкоски истакна дека во изминатите години Македонија е правно суспендирана држава.

„Во изминатиот период видовме дека имаме правно суспендирана држава, видовме дека имаме нефункционалност во судскиот систем, видовме дека ЈО не постапува по конкретни случаи, видовме висок степен на корупција и криминал и ние сме убедени дека тоа мора да го смениме. За да може да го смениме тоа ние понудивме решенија кои се практични и кои треба да го најдат начинот за да дојдеме до една правна и економска сигурност во нашата држава. Гледајќи во моментот дека најмногу што смета кај граѓаните е немањето правда во нашата држава“, вели Сајкоски.

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ пристапува кон решавање на сите недоследности и проблеми кои ги има Македонија.

„Одиме кон тоа да пристапиме на решавање на сите недоследности и проблеми кои ги има нашата држава. За да може да ги решиме проблемите мора да донесеме најпрво реформа или распуштање на судскиот совет и советот на јавни обвинители затоа што изминатиот период видовме дека тие се извор на проблемите меѓутоа мора и судиите и обвинителите и сите чинители во општеството да бидат под сериозен надзор за да имаме правна држава“, кажа Сајкоски.

Тој продолжи и додаде:

„Видовме во изминативе години дека нема волја за решавање на корупцијата и на високо и на ниско ниво. Имавме забелешка од ЕУ неколку пати и во сите извештаи е нотирана висока корупција во нашата држава меѓутоа ништо не е постапено по тоа“, дециден е Сајкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан