Приведен крадец во Куманово
- Како што информираа денеска од МВР, тој се сомничи дека во текот на минатиот месец извршил пет кражби, од кои четири во продажни објекти и една од приватен имот.

Скопје, 13 март 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 17:00 часот, го лишиле од слобода Ј.Л.(35) од Куманово.
Како што информираа денеска од МВР, тој се сомничи дека во текот на минатиот месец извршил пет кражби, од кои четири во продажни објекти и една од приватен имот.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава. цр/дма/
Фото:МИА