Приведен измамник, следува поднесок
- Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 11:55 часот, го лишиле од слобода Т.Т.(41) од Куманово.

Скопје, 8 февруари 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 11:55 часот, го лишиле од слобода Т.Т.(41) од Куманово.
Како што информираат денеска од МВР, тој се сомничи дека измамил 31-годишен жител од Липково за сума од 400 евра. Имено, откако се договориле дека ќе му изгради куќа, ги зел парите и веќе не се појавил.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава. дма/нд/