Приведен жител од Тетово во чиј дом е пронајдена дрога
- Приведен е И.Џ.(46) од Тетово, а во неговиот дом биле пронајдени и одземени хероин и непозната супстанца.

Скопје, 26 октомври 2024 (МИА) - Приведен е жител на Тетово затоа што во неговиот дом е пронајдена дрога. Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека претресот е извршен вчера со судска наредба.
Приведен е И.Џ.(46) од Тетово, а во неговиот дом биле пронајдени и одземени хероин и непозната супстанца.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. бак/
Фото: МИА архива