• недела, 19 мај 2024

Приведен дилер, претрес во скопско Чучер Сандево, пронајдени амфетамин, марихуана, масло од канабис

Приведен дилер, претрес во скопско Чучер Сандево, пронајдени амфетамин, марихуана, масло од канабис

Скопје, 18 ноември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при МВР во координација и заедничка акција со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје вчера го лишиле од слобода Б.А.(33) од скопското село Чучер Сандево.

При претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени околу еден килограм амфетамин распределен во пакувања подготвени за улична продажба, околу половина килограм марихуана, масло од канабис и дигитална вага.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со ОЈО Скопје, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. цр/

Фото: МВР

Остани поврзан