• сабота, 18 мај 2024

Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога

Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога

Скопје, 16 април 2024 (МИА) - Во Охрид вчера во 19:30 часот полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.М.(40) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, додека при претрес во неговиот автомобил „шкода“ биле пронајдени и одземени дигитална вага и метален грендер.

Како што соопшти денеска МВР, подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени предмети со остатоци од марихуана, од кафеава материја и од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан