• недела, 22 декември 2024

Приведен дебарчанец, нелегално превезувал огревни дрва

Приведен дебарчанец, нелегално превезувал огревни дрва

Скопје, 25 јуни 2023 (МИА) - Полицијата синоќа го уапсила 35-годишниот А.К. од Дебар поради нелегално превезување дрва.

МВР информира дека синоќа, во 22.05 часот, на локален пат во Дебар, од полициски службеници од дебарското ОВР бил лишен од слобода дебарчанецот А.К.(35).

- При контрола на возило „форд“, коешто го управувал, било затекнато огревно дрво, кое тој нелегално го превезувал. Дрвната маса е одземена и предадена на Шумската полиција од Дебар, а против А.К. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР. ир/ев

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан