• петок, 05 декември 2025

Приведен грчки државјанин на ГП „Табановце“, во неговото возило биле пронајдени пиротехнички средства

Приведен грчки државјанин на ГП „Табановце“, во неговото возило биле пронајдени пиротехнички средства

Скопје, 25 април 2025 (МИА) - Полицијата синоќа околу 23:30 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, го лишила од слобода Н.К.(29) од Република Грција. При гранична контрола и преглед во возилото со германски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени повеќе разновидни пиротехнички средства.

Како што информира МВР, лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде биде поднесена соодветна пријава. мд/aa/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан