• петок, 26 јули 2024

Приведен гостиварец во Скопје во чие возило е пронајдена дрога

Приведен гостиварец во Скопје во чие возило е пронајдена дрога

Скопје, 29 ноември 2023 (МИА) - По претходно преземени оперативни мерки, денеска, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје е лишен од слобода  Б.Ј.(31), од Гостивар со престојувалиште во Скопје.

Како што соопшти МВР, при контрола на патничко возило "пасат" со скопски регистарски ознаки, кое го управувал гостиварецот, под хаубата е пронајдена поголема ќеса со марихуана.

Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, наведуваат од МВР. вг/аа/

Фото: МВР

Остани поврзан