Приведен возач во Кумановско, управувал возило под дејство на алкохол
- Жител на село Жегљане, општина Старо Нагоричане возел под дејство на алкохол. При проверката имал, 1,78 промили алкохол во крвта, информираше денеска МВР.
Куманово, 2 мај 2025 (МИА) - Жител на село Жегљане, општина Старо Нагоричане возел под дејство на алкохол. При проверката имал, 1,78 промили алкохол во крвта, информираше денеска МВР.
Вчера во 18:20 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Ц.(44) од село Жегљане, општина Старо Нагоричане.
-При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал В.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,78 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, соопшти МВР.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. ам/мд/
Фото: МИА архива