Приведен велешанец, физички ги нападнал невенчаната сопруга и нивната малолетна ќерка
- Во семејниот дом, по кратка расправија, физички ги нападнал неговата невенчана сопруга и нивната малолетна ќерка.

Скопје, 1 април 2024 (МИА) - Четириесет и едногодишен велешанец со иницијали С.Б. бил приведен во семејниот дом под сомнение дека по кратка расправија ги нападнал невенчаната сопруга и нивната малолетна ќерка.
- На 31.03.2024 во 11:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Б.(41) од Велес затоа што во семејниот дом, по кратка расправија, физички ги нападнал неговата невенчана сопруга и нивната малолетна ќерка, информира денеска СВР Велес.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. бд/бак/
Фото: МИА архива