• петок, 05 декември 2025

Приведено лице од Чегране барано по потерница

Приведено лице од Чегране барано по потерница

Скопје, 4 март 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Тетово во содејство со полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка вчера во 20.30 часот на улица „Иво Лола Рибар" во Гостивар  го привеле Б.Н.(42) од село Чегране.

Како што соопшти МВР, тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во траење од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 386 од Кривичниот законик.

-Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната, соопшти МВР. хс/цр

Фото: МИА архива 

Остани поврзан