• недела, 22 декември 2024

Приведено лице од Скопје, осомничено за сторени повеќе дрски кражби

Приведено лице од Скопје, осомничено за сторени повеќе дрски кражби
Скопје, 22 септември 2022 (МИА) - На кеј „Димитар Влахов“ во Скопје, вчера во 16:50 часот, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при скопското СВР го лишиле од слобода скопјанецот А.Ј.(41). -Тој се сомничи дека на подрачје на ЕВР Центар и Бит Пазар сторил повеќе кривични дела „дрска кражба“, велат од МВР. А.Ј. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ир/дма/

Остани поврзан