• петок, 15 ноември 2024

Приведено лице од Кумановско барано со централна потерница 

Приведено лице од Кумановско барано со централна потерница 
Скопје, 10 март 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово вчера привеле 25-годишно лице кое се барало со централна потерница за издржување казна затвор за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „загрозување на сигурноста врз овластено лице“. - На 9 март 2022 година во 14:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Ч.(25) од село Лојане, липковско. Тој се барал со централна потерница за издржување на казна затвор за сторени кривични дела по член 123 ст.1 „убиство во обид“ и чл.144 „загрозување на сигурноста врз овластено лице“ од Кривичниот законик, соопшти МВР. В.Ч. ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната. мс/сп/

Остани поврзан