• четврток, 02 мај 2024

Приведено лице од Гостиварско за доиздржување затворска казна

Приведено лице од Гостиварско за доиздржување затворска казна
Скопје, 19 октомври 2022 (МИА) - Во гостиварското село Добридол, синоќа во 20.30 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 28-годишниот Е.Х. од ова село. Како што соопштија од МВР, тој се барал за доиздржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Тетово. Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната. цр/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан